Дома Трансфер зона Обајеманг се сели во Серија А

Обајеманг се сели во Серија А

Пјер Емерик Обамејанг е надвор од тимот на Арсенал и клубот му ја отвори излезната врата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Прашање е дали ќе биде вратен во тимот, а многу поверојатно е да биде продаден во зимскиот преоден рок.

За него најсилен интерес покажува Јувентус, а сега во трката за потписот на Обамејанг се приклучи и Милан.

Африканецот е производ на академијата на „росонерите“, има неколку настапи за првиот тим, па ова за него би било враќање на „Сан Сиро“.

32-годишниот Обамејанг има договор со Арсенал до јуни 2023 година, а италијанските гиганти го сакаат на позајмица со право на откуп.

Од друга страна пак „топџиите“ сакаат дефинитивно да го продадат напаѓачот, а не да го пуштаат на позајмица и се спремни да го пуштат за симболична сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…