Пјер Емерик Обамејанг е на излезна врата од Арсенал, а според последните информации кариерата би можел да ја продолжи во Саудиска Арабија.
Имено, тамошниот клуб Ал Наср испрати понуда до Арсенал од 8 милиони евра за потписот на 32-годишниот напаѓач.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Обамејанг преферира кариерата да ја продолжи во Европа, но ниту еден од заинтересираните клубови не е спремен да му понуди такви финансиски услови.
Габонецот повеќе не е во плановите на тренерот Микел Артета и Арсенал му порача да си најде нов клуб до крајот на предониот рок.
За потсетување, Ал Наср преговара и за трансфер на македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, па многу е веројатно двајцата да бидат соиграчи од овој месец.
Exclusive: Saudi giants Al Nassr make loan offer to Arsenal for Pierre-Emerick Aubameyang with mandatory €8 million purchase clause. Gunners still mulling offer. https://t.co/5kCdpaDOBu
— James Benge (@jamesbenge) January 19, 2022