Дома Трансфер зона Обамејанг си го кажал условот: Еве што треба да направи Арсенал за да го задржи

Обамејанг си го кажал условот: Еве што треба да направи Арсенал за да го задржи

На сите им е јасно дека Обамејанг е клучен играч во нападот на Арсенал, а од неодамна е и капитен па Артета се обидува да го задржи на сите начини.

Обамејанг е во преговори со управата на Арсенал и се уште не е познато дали ќе остане во клубот, а актуелниот договор му истекува наредната сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според актуелниот договор Обамејанг во Арсенал заработува 180.000 фунти неделно, а „ЕСПН“ открива какви се неговите услови за да остане.

Имено, иако има 31 година Габонецот од Арсенал бара тригодишен договор според кој неделно ќе заработува 250.000 фунти.

Прашање е дали управата на Арсенал ќе се согласи на ваков договор затоа што Обамејанг има повеќе од 30 години, но од друга страна тој во овој момент е прв стрелец во Премиер лигата. Пред него сигурно ќе има бројни понуди ако се реши да не потпишува нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…