Дома Фудбал Англија Обамејанг постигна гол и доби црвен картон, Арсенал ремизираше (ВИДЕО)

Обамејанг постигна гол и доби црвен картон, Арсенал ремизираше (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал ремизираа денес на гости против Кристал Палас во рамките од 22 коло во Премиер лигата (1:1).

„Топџиите“ на одличен начин го отворија денешниот натпревар бидејќи во 12. Минута преку Обамејанг го отворија резултат. Потоа Арсенал имаше уште неколку добри обиди, но остана 0:1. Во финишот од првото полувреме Палас заигра нешто подорбо и успеа да се закани кон голот на Арсенал, сепак сериозни прилики немаше.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


До изедначување гостите дојдоа после девет минути игра во второто полувреме. Во казнетиот простор на Арсенал најдобро се снајде Ајев кој го матираше противничкиот голман за 1:1.

Во 67. минута ситуација за Арсенал дополнително се влоши, Обамејанг после реакција од ВАР собата доби директен црвен за опасниот старт на Мејер.

Арсенал и со играч помалку се обиде да дојде до трите бода, Пепе ја погоди стативата во 82. Минута, а одбиената топка Лаказет не ја смести во мрежата.  До крајот на натпревар Кристал Палас создаде неколку прилики, меѓутоа резултатот не се промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола не се опушта: Тоа што му се случи на Ливерпул, може да ни се случи и нас

По убедливата победа на Манчестер Сити над Брајтон тимот на Пеп Гвардиола е уште еден чеко…