Дома Трансфер зона Обамејанг заминува од Арсенал, но може да остане во Англија

Обамејанг заминува од Арсенал, но може да остане во Англија

Напаѓачот  на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг одби да го продолжи договорот со „топџиите“ и на лето најверојатно ќе го напушти „Емирати“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англиските медиуми тврдат дека Габонецот го известил раководството на „топџиите“ дека сака да ја промени средината и го известил агентот да му бара нов клуб.

Изминатите месеци се шпекулираше дека за него се заинтересирани Реал Мадрид и Барселона, но последните информации се дека може да остане во Премиер лигата.

Челзи и Манчестер Сити внимателно ја следат ситуацијата околу Обамејанг, а „граѓаните“ веќе ги повлекле првите потези за негов ангажман.

Гвардиола е во потрага по напаѓач и смета дека Обамејанг ќе биде идеална замена за Кун Агуеро, па е спремен да плати 60 милиони евра, колку што бара Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…