Дома Трансфер зона Обамејанг е резервна опција за Лаутаро и во Барса и во Интер

Обамејанг е резервна опција за Лаутаро и во Барса и во Интер

Голгетерот на Арсенал, Пјер Емерик – Обамејанг е посочен како замена за Лаутаро Мартинез во Интер, доколку Аргентинецот се пресели во Барселона, пренесува „Скај Италија“.

Интересно е што Обамејанг е и на радарот на Барселона доколку не успее да го договори трансферот на Лаутаро Мартинез, тврди добро информираниот новинар Џанлука ди Марцио.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лаутаро е согласен за трансфер на „Камп Ноу“, но Барселона не може да постигне договор со Интер и ќе мора да ја плати откупната клаузула која изнесува 111 милиони евра.

Барселона испрати понуда од 70 милиони евра плус Жуниор Фирпо, но таа беше одбиена од страна на Интер.

„Нероаѕурите“ веќе се во контакт со агентот на Обамејанг и доколку Лаутаро замине, Габонецот ќе пристигне како негова замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…