Дома Фудбал Нов шок: Артета го напушта Арсенал по крајот на сезоната!?

Нов шок: Артета го напушта Арсенал по крајот на сезоната!?

Микел Артета ги известил челниците на Арсенал дека сака да го напушти клубот на крајот на сезоната, барем така тврди каталонскиот „Спорт“!

Каталонскиот весник објави ексклузива, повикувајќи се на блиски извори, дека Артета смета дека е најдобро да го напушти Арсенал на крајот од сезоната 2023/24.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Ова е уште една во низата шокантни вести откако Јирген Клоп и Чави Ернандез во петокот и саботата потврдија дека заминуваат по крајот на сезоната, но оваа информација треба да се земе со резерва.

Додека во Каталонија тврдат дека Артета сака да замине, Лондон веднаш ги демантираше информациите од Шпанија.

Во Англија продолжуваат да уверуваат дека Артета е блиску до потпишување на нов договор со Арсенал, додека авторот на текстот од „Спорт“ Томаш Андреу, недоволно познат на пошироката јавност, го тврди спротивното.

Тој нагласува дека иако Артета има договор до 2025 година, Шпанецот на лето би можел да се договори за взаемно раскинување на соработката со Арсенал.

Томас Андреу исто така додава дека оваа информација се чува во тајност, но дека Артета веќе разговарал за можно заминување со својата придружба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…