Талентот на Ливерпул, Стефан Бајчетиќ ќе го пропушти остатокот од сезоната, поради повреда на адукторот.
Играчот за врска кој има само 18. години сезонава се наметна во првиот тим на „црвените“ и одигра одлично.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ова е голем удар за Клоп, кој има проблем со повредени фудбалери, особено во средината на теренот.
„За жал, заработив повреда која ќе ме оддалечи од терените до крајот на сезоната. Многу е тешко да се збогувам со оваа одлична сезона за мене, но разбирам дека сето тоа е дел од фудбалот и ќе ме направи психички и физички посилен. Сакам да им се заблагодарам на сите „црвени“ за поддршката во текот на сезоната и ве уверувам дека ќе дадам се од себе да се вратам посилен од кога било“, се огласи Бајчетиќ.