Дома Фудбал Англија Нов удар за Клоп: „Црвените“ остануваат и без Фирмињо?

Нов удар за Клоп: „Црвените“ остануваат и без Фирмињо?

Фудбалерите на Ливерпул во петокот во градското дерби го совладаа Евертон и така се пласираа во наредната рунда од ФА Купот.

Меѓутоа, после мечот најмногу се зборуваше за конфликтот помеѓу Фирмињо и Холгејт. Двајцата имаа жестока расправија покрај аут линијата, откако Бразилецот заврши во рекламите после еден дуел со Холгејт.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тогаш настана вистински хаос на теренот, а фудбалерот на Евертон после натпреварот изјави дека Фирмињо го навредувал на расна основа. ФА покрена истрага, па доколку се воспостави дека Бразилецот е виновен го очекува жестока казна.

Англиските медиуми пренесуваат дека доколку Фирмињо навистина го навредувал Холгејт на расна основа ќе добие суспензија од дури 10 натпревари.

Тоа сигурно ќе биде голем удар за Клоп кој пред само неколку дена остана без Филипе Кутињо, а на повреда се пожали и Мохамед Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…