Дома Фудбал Останато Нов скандал во ФИФА: Покрената истрага против Инфантино

Нов скандал во ФИФА: Покрената истрага против Инфантино

Швајцарскиот специјален обвинител поведе кривична постапка против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, јавуваат светските медиуми.

Џани Инфантино засега се терети за непознати криминални активности со поранешниот швајцарски јавен обвинител Михаел Лаубер, против кого исто така е отворена истрага.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Швајцарското обвинителство во петокот отворило случај откако непознати лица пријавиле можен криминал и злоупотреба на службена должност од неколку лица меѓу кои е и Инфантино.

„Лаубер минатата недела си поднесе оставка откако беше утврдено дека на суд лажел да средбата со Инфантино и тоа во моментите кога неговата канцеларија вршела истрага за корупцијата во ФИФА. Лаубер и Инфантино демантираа дека се вмешани во криминални активности“, тврди новинската агенција Ројтерс.

Инфантино беше избран за претседател на ФИФА во 2016 година, а претходно беше секретар на УЕФА од 2009 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…