Неодамна судија беше претепан на теренот, поради што беа одложени натпреварите од 17. коло, а вечерва се случи нов скандал во рамките од турската Супер лига.
Во второто полувреме од натпреварот помеѓу Истанбулспор на Валон Етеми и Трабзонспор на Енис Барди, претседателот на домашната екипа им нареди на играчите да го напуштат теренот незадоволни од судењето. Наводно, причината е недосуден пенал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Натпреварот беше прекинат во 79 минута при резултат 1:2 за Трабзонспор и фудбалерите на Истанбулспор немаа намера да се вратат на теренот.
Спорен детал кога домашните побараа пенал, кој не беше досуден, а недолго потоа Трабзон постигна гол.
Конверзација со првиот човек на Истанбулспор имаше и македонскиот репрезентативец Етеми