Бразилскиот фудбалер Нејмар често пати е во центарот на вниманието поради работи кои не се поврзани со фудбалот, така беше пред неколку дена кога јавно и се извини на својата бремена сопруга дека ја изневерил. Сега е на насловните страни поради неговиот татко.
Таткото на Нејмар според информациите на медиумите е уапсен во Бразил. Наводно тој бил дел од нелегални градежни активности на вила во Манаратиба.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Семејството на Нејмар поради изградба на вештачко езеро во близина на куќата ја пренасочило реката во близина така се уништиле камењата на брегот, а освен тоа штета претрпела и шумата.
По истражните дејствија таткото на фудбалерот бил пуштен на слобода со парична казна од 822.000 фунти, меѓутоа ќе остане под истрага.