Дома Фудбал Италија Нов скандал во Италија, уште две големи ѕвезди обвинети за обложување

Нов скандал во Италија, уште две големи ѕвезди обвинети за обложување

Италијанскиот фудбал го тресе голем скандал откако беше откриено дека фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли нелегално се обложувал.

Фаџоли е под истрага од торинскиот јавен обвинител дека се обложувал онлајн преку нелегални платформи, а ако неговата вина се потврди му се заканува и суспензија од терените до три години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес настана нов потрес на Апенините, откако познатиот Фабрицио Корона, кој важи за кралот на папараците во Италија, најави дека ќе открие уште две фудбалски ѕвезди кои се обложуваат.

Корона прв го откри Фаџоли дека се коцка и дека направил долг од 1 милион долари на српска мафија, а сега ги откри имињата и на другите двајца фудбалери.

Станува збор за Сандро Тонали и Николо Заиоло, кои моментално играат во Премиер лигата, но се стандардни италијански репрезентативци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: На кого „милионите“ ќе му донесат среќа?

Денес продолжуваат полуфиналните дуели од Лигата на шампиони, па очите на фудбалска Европа…