Шпекулациите за иднината на Пауло Дибала не стивнуваат. Иако Јувентус нема намера да го продаде, медиумите тврдат дека ова лето ќе пристигнат три понуди за Аргентинецот.
Веќе неколку недели се шпекулира дека Атлетико Мадрид е силно заинтересиран за Дибала во кого гледаат идеална замена за Гризман, па „јорганџиите“ наводно веќе спремиле понуда од 120 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, сега се појави нов претендент за потписот на Аргентинецот. Станува збор за Ливерпул, кој со доаѓањето на Дибала би направиле напад од соништата.
Клоп не донесе замена за Кутињо во зимскиот преоден рок и смета дека токму Дибала би бил вистинско засилување за следната сезона. Наводно „црвените“ веќе спремиле понуда од 150 милиони евра, па останува да видиме каков ќе биде одговорот на Јувентус.
Од поодамна е познато дека интерес за Дибала покажува и Реал Мадрид. Сепак, „кралевите“ имаат други приоритети во летниот преоден рок, но нема да биде изненадување доколку испратат понуда и за младиот Аргентинец.