По шести пат сезонава Еурофарм изгуби со еден гол разлика, овој пат тоа се случи во СЕХА лигата против ППД Загреб со 26:27.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денес иако изгуби со еден гол разлика Еурофарм не беше конкурентен како во други натпревар. Битолчани ниту еднаш не водеа во натпревар. На полувремето Загреб имаше предност од 12:16.
Во второто полувреме Еурофарм усепа да ја намали разликата и имаа повеќе шанси да изедначат. Сепак на крајот мораа да се помират со поразот.
Најефикасен кај Еурофарм беше Остроушко со седум гола, Гуќиќ постигна пет гола. Во редовите на Загреб Хорват постигна 10 гола од кои шест беа од пенал.
За Еурофрам ова беше петти пораз во СЕХА лигата. Со овој натпревар завршија и натпреварите во Битола за оваа полусезона, на битолскиот тим му преостануваат уште натпревари на гости со Веспрем и Спартак Москва на 11. и 15 декември.