По серијата негативни резултати, раководството на Лестер го отпушти тренерот Клод Пуел.
Причината за разделбата меѓу двете страни се слабите резултати во последно време, а капката која ја прели чашата е вчерашниот тежок пораз од Кристал Палас со 1:4.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лестер во последните седум меча имаше дури шест порази и единствениот дуел, каде што останаа непоразени, беше на „Енфилд“ против Ливерпул.
Уште позагрижувачки е фактот дека единствениот триумф годинава им е на први јануари против Евертон на гостински терен, а од тогаш тимот како да западна во летаргија.
57-годишниот Французин го водеше тимот од „Кинг Пауер“ на 56 натпревари и оствари учинок од 19 победи, 13 реми средби и 24 порази. Тимот моментално се наоша на 12 место во Премиер лигата со 32 бода.
Мајк Стовел и Адам Садлер, кои беа дел од тренерскиот тим, ќе застанат на чело на екипата додека не се пронајде решение.
Во моментов не е познато кој ќе го наследи Пуел, иако англиските медиуми шпекулираат дека тоа би требало да биде Брендан Роџерс, поранешниот тренер на Ливерпул и актуелен избраник на Селтик.