Дома Трансфер зона Нов аларм во Барселона: Кои клубови ги заследил Меси на Инстаграм?

Нов аларм во Барселона: Кои клубови ги заследил Меси на Инстаграм?

Во центарот на вниманието на фудбалската јавност од вчера е веста за веројатното заминување на Меси од Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меси е разочаран од ситуацијата во клубот и познато е дека не е во добри односи со раководството и поради тоа сака да ја напушти Барселона.

Аргентинецот официјално испратил допис дека сака да замине што е шлаканица која не ја очекуваа. Меси најмногу се поворзува со Манчестер Сити кој е спремен да го доведе на „Етихад“.

Меѓутоа сега во центарот на вниманието се најде Инстаграм профилот на Меси бидејќи многумина сфатија дека Барселона не е единствениот клуб кој го следи. Тука беше неговиот неговиот клуб од детството Њуелс Олд Бојс, но сега и два нови.

Имено, Меси ги заследил официјалните профили на Манчестер Сити и Челзи што дополнително ги подгреа гласините за негово заминување во Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…