Дома Македонски спорт Ново издание на бизнис трката Business Run 2021

Ново издание на бизнис трката Business Run 2021

На 25 септември во Скопје ќе се одржи Business Run 2021, штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор. Правилата и процедурите на ова издание на трката се прилагодени на здравствените протоколи за заштита на учесниците од ковид.

За трката можат да се пријават сите компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и сл. субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а се регистрирани и вршат дејност во Република Македонија.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Трката ќе биде штафета со 4 измени, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав, за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент во компаниите. Патеката е долга 8 километри, односно секој учесник во својата измена ќе треба да истрча по 2000 метри.

На последното издание на трката најбрз беше тимот на Комерцијална Банка, втор беше тимот на Фитнес Парк, а третото место го освои екипата на Унибанка.

Сите заинтересирани своите тимови можат да ги пријават преку електронскиот формулар на веб страницата www.prvdovrv.mk, заклучно со денес. Нема ограничување за бројот на тимови што може да ги пријави секоја компанија.

Најбрзите три тимови на Business Run 2021 ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција, оние кои истрчале најбрз круг.

Целта на оваа трка е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компаниите и јакнење на тимскиот дух помеѓу вработените.

Организатор на Business Run 2021 e здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Куманово објави ново видео: Погледнете како се „поздравува“ играчот на Шкендија 🎥

Изминатите неколку дена во центарот на вниманието на македонската фудбалска јавност е дерб…