Дома Трансфер зона Ново големо засилување за Интер? „Колку што знам Интер и Алаба имаат договор“

Ново големо засилување за Интер? „Колку што знам Интер и Алаба имаат договор“

Aвстриецот Давид Алаба многу веројатно заминува од Баерн.

Алаба иако има 27 години израсна во икона на Баерн. Со клубот од Минхен освои голем број трофеи и притоа одигра 400 натпревари, а се поизвесно дека за него оваа сезона ќе биде последна во Германија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За тоа се шпекулира веќе со месеци, наводно Алаба донел одлука да ја промени средината и да побара нов предизвик. Таквите најави сега ги подгреа новинарот од Италија Иван Реџијани. Тој тврди дека одличниот дефанзивец кариерата ја продолжува во Интер.

„Колку што знам Алаба заминува од Баерн и мислам дека Интер заврши голема работа со неговото доведување. Имам некои информации дека помеѓу Алаба и Интер веќе има договор“, изјави Реџијани за „Калчомеркато“.

Доведувањето на Алаба би била втора голема работа за Интер,пред неколку дена „нероаѕурите“ го обезбедија потписот на Ашраф Хакими.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…