Дома Фудбал Германија Новото засилување на Борусија: ПСЖ сакаше да играм за кикирики

Новото засилување на Борусија: ПСЖ сакаше да играм за кикирики

Томас Муние испрати критики до неговиот поранешен клуб ПСЖ. Белгискиот дефанзивец ова лето премина од Париз во Дортмунд без оштета, а сега јавно го критикуваше спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо.

Договорот на Муние му истече во јуни и веднаш беше објавено каде ќе ја продолжи кариерата. Борусија сакаше да го пушти да го одигра завршниот турнир во Лигата на шампионите во август, го сакал тоа и Муние, но ПСЖ не сакал ништо да плати.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„ПСЖ ја контактираше Борусија, но не сакаше ништо да плати што секако не беше можно. Имајќи предвид дека јас веќе бев играч на Борусија мораа да платат барем за осигурување или позајмица. Да бидам искрен, Леонардо никогаш не сакаше да постигне договор со Борусија или со мене. Сакаше да играм бесплатно, за кикирики“, изјави Муние.

ПСЖ пак од друга страна тврди Муние одбивал да го продолжи договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…