Дома Топ вести Нови откритија за платата на Меси: Познато колку данок плаќа Аргентинецот

Нови откритија за платата на Меси: Познато колку данок плаќа Аргентинецот

Во последните недели една од најжешките теми во фудбалскиот свет е секако откриените детали од договорот на Меси со Барса и неговата плата.

„Ел Мундо“ неодамна јавно објави детали од договорот на Меси кој го потпиша со Барселона во 2017 година и откри дека Аргентинецот до денес заработил неверојатни 555 милиони евра.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сега „Ел Периодико“ откри нови интересни детали кои велат дека самиот Меси на државата ќе и плати данок од 370 милиони евра за време на четиригодишниот договор.

Основниот данок за приход на физички лица е најголем дел од таа сума, односно 275 милиони евра, а останатите пари се за други даноци како данок на сопственост, корпоративен данок…

Во 2016 година Меси беше осуден од страна на шпанскиот суд за прикривање данок и плати казна од 4 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Го одби Ливерпул за да дојде во Јувентус и сега прави чуда!

Карло Алберто Белони, агентот на голманот на Јувентус, Микеле Де Грегорио, истакна дека ов…