Дома Останати Нови детали за Шумахер: Не постои терапија која може да му помогне!

Нови детали за Шумахер: Не постои терапија која може да му помогне!

Поминаа повеќе од пет години откако Михаел Шумахер настрада на одморот на француските Алпи. Легендарниот возач на неозначен дел од скијачка патека падна и ја повреди главата на поголем камен.

Од тогаш Шумахер и денес се опоравува, а информации за неговата состојба нема многу и тие што се појавуваат се сведуваат на медиумски шпекулации и детали кои ги откриваат анонимни извори. Засега ниту еден негов близок не зборувал јавно за неговата состојба.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ле Парисиен“ објави дека Михаел Шумахер неодамна бил пренесен од Женева во болницата Жерож-Помпидоу во Париз на таен третман со матични келии.

Тогаш се појави изјава од медицинска сестра која тврдеше дека Шумахер е при свест.

Денес на оваа тема зборуваше Матилда Леонарди, еден од водечките италијански стручњаци во подрачјето на медицината.

„Не постои терапија со матични ќелии која би имала позитивен учинок на пациент во состојба на минимална свесност како на Шуамхер. Информациите кои се појавија во јавноста за поранешниот возач само даваат лажна надеж“, изјави Леонарди.

Дека шансите се мали за Шумахер неодамна зборуваше Дарко Чуди, хрватски неврохирург кој требало да го лекува Шумахер.

„Немаше директен контакт со семејството, но се слушнав со неговата менаџерка. Слушнаа за мојата работа и тоа не е некоја тајна, тие методи ги претставив пред неколку години во Њујорк, за нив знае целиот свет. На крајот не отидов да го видам Шумахер, не знам точно во каква состојба, се што знам слушнав од медиумите. Навистина не сакам да погодувам, знам само дека се одлучија за некоја друга опција. „Шансите после шест години поминати во вегетативна состојба се минимални. Требаше нешто да се направи во првата година по несреќата, вака е…Тешко “, изјави неодамна Хрватот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Срушен светскиот рекорд: Славниот Јапонец скокна скоро 300 метри!

Рујоу Кобајаши на специјално направената скокалница успеа да го сруши светскиот рекорд во …