Дома Фудбал Репрезентации Нови детали за скандалот во Италија: Се обложувале повеќе од десет фудбалери

Нови детали за скандалот во Италија: Се обложувале повеќе од десет фудбалери

Деновиве во Италија актуелни се обвинувањата за обложување, а откако истрагата се продлабочила добила и поголеми размери.

Прво беше објавено дека фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли се обложувал, потоа пристигна иста информација за Сандро Тонали и Николо Заниоло. По ова двајцата фудбалери го напуштија кампот на италијанската репрезентација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Утрово италијанската „Ла Република“ објави дека е отворена истрага против повеќе од десет фудбалери од Серија А кои се обложувале. Засега повеќе имиња не се откриваат.

Истрагата траела неколку недели, а за Фаџоли е познато дека потрошил околу 100.000 евра на обложување во последните 18 месеци. Сите кои ќе бидат прогласени за виновни во случајот сигурно ги чека голема казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…