Дома Фудбал Италија Новиот сопственик на Рома веќе пристигнал во Рим?

Новиот сопственик на Рома веќе пристигнал во Рим?

Дан Фредкин, основачот на Фредкин групата наводно пристигнал во Рим за да го финализира превземањето на Рома од Џејмс Палота.

Преговорите помеѓу споменатата американска инвеститорска група со Дан Фредкин на чело и Џејмс Палота траат веќе неколку месеци, а минатата недела во италијанските медиуми се појави вест дека договор е постигнат.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сега, „Калчомеркато“ објави дека Дан Фредкин пристигнал во Рим заедно со уште неколку соработници и членови на Фредкин групата. Истиот медиум тврди дека се би можело да се заврши во наредните десетина дена. Според информациите Рома ќе биде продадена за сума помеѓу 750 и 780 милиони евра.

Тука е вклучен и долгот на Рома од 272 милиони евра, како и планираното зголемување на капиталот за 130 милиони евра.

Се верува дека Џејмс Палота ќе оствари профит од околу 100 милиони евра од продажбата на поголемиот дел од акциите на клубот на американскиот милијардер. Палота најверојатно ќе задржи помал дел од акциите.

Фредкин групата според „Форбс“ е „тешка“ 4.1 милијарди американски долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …