Дома Фудбал Англија Новинарите го избраа играчот на сезоната во Премиер лигата

Новинарите го избраа играчот на сезоната во Премиер лигата

Напаѓачот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг прогласен е денес за фудбалер на годината во Англија во изборот на Здружението на фудбалските новинари.

Стерлинг оваа сезона игра фантастично и ги предводи „граѓаните“ кон нова титула во Премиер лигата. Постигна 17 погодоци во првенството, а вкупно 23 во сезоната, при тоа запиша 17 асистенции.

Стерлинг победи со 62% од гласовите, а второпласиран во изборот на FWA е одбранбениот играч на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк кој претходно беше прогласен за најдобар од страна на Здружението на професионални фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лудило во Турција: Салах од камен направи туристичка атракција (Видео)

До какви размери стигнала фасцинацијата со Мохамед Салах во Турција, сведочи приказната ка…