Тимот на Лејкерси без поголеми проблеми го совлада Вашингтон со 122:109, а најзаслужен беше Леброн Џејмс.
Леброн натпреварот го заврши со фантастични 50 поени што беше негово второ надминување на оваа граница во само една недела. Ваквиот учинок е фантастичен за секој кошаркар, а треба да се истакне во Леброн полни 37 години за недела. Со тоа стана највозрасниот играч во НБА на кого му усепало вакво нешто.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На дербито во Тексас Далас ја оправда фаворитската улога против Хјустон. Блескаше Лука Дончиќ кој постигна 30 поени.
РЕЗУЛТАТИ: Хјустон – Далас 100-113, Орландо – Минесота 118-110, Атланта – ЛА Клиперс 112-106, Бостон – Детроит 114-103, Мемфис – Њујорк 118-114, Мајами – Кливленд 117-105, Њу Орлеанс – Шарлот 120-142, Сан Антонио – Јута 104-102, Феникс – Торонто 112-117, ЛА Лејкерс – Вашингтон 122-109.