Репрезентацијата на Македонија вечерва го игра натпреварот против Израел во рамките од последното коло во квалфикациите за ЕП 2020.
За вечерашниот натпревар селекторот Игор Ангеловски припреми нова формација (после подолго време не играме со три стопери), а во тимот е Влатко Стојановски кој дебитираше во минатото коло на гости против Австрија и тоа со гол. Во првиот тим се враќа и капитенот Горан Пандев кој дуелот во Виена го пропушти поради вирусна инфекција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
(4-2-3-1): Димитриевски; Ристовски, Муслиу, Велковски, Ристевски; Костадинов, Николов; Барди, Пандев, Елмас; Стојановски