Карим Бензема не е во најдобра форма, па медиумите во Шпанија на големо пишуваат за неговата следна дестинација.
Последен клуб кој се поврзува со францускиот напаѓач е италијански Наполи. Аурелио Де Лаурентис е спремен да го одврзе ќесето за да го задржи Маурицио Сари во Неапол, па за таа цел има намера да го доведе Карим Бензема.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бензема е еден од најкритикуваните играчи на Реал Мадрид оваа сезона, па Италијанците тука ја гледаат својата шанса. Сепак, јасно е дека Французинот ќе биде тешка мисија.
Но, треба да се потсети дека Наполи веќе еднаш доведе напаѓач од Мадрид кој се покажа како пол погодок. Секако, станува збор за Гонзало Игуаин кој подоцна премина во редовите на Јувентус за сума од 90 милиони евра.
Напаѓачот на Реал Мадрид оваа сезона на 17 натпревари постигна само три погодоци во Примера, па јасно е зошто во Мадрид се незадоволни од неговите настапи.