Дома Останати Кошарка НБА Нова магија од Јокиќ: Тројка од скоро половина терен со звукот на сирената за победа! 🎥

Нова магија од Јокиќ: Тројка од скоро половина терен со звукот на сирената за победа! 🎥

Изминатата вечер Голден Стејт повторно благодарение на Никола Јокиќ стигна до нова победа во НБА лигата (130:127).

Никола Јокиќ одново беше најефикасен, но сега погоди и тројка со звукот на сирената од скоро половина терен. Јокиќ запиша нов дабл-дабл со 34 поени, 10 асистенции и девет скока. Зад него следуваше Гордон со 30 и девет скока, па Мареј со 25 поени. На спротивната страна 30 поени на Кари и 24 на Томпсон не беа доволни.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, учинокот на Јокиќ падна во втор план поради тројката со звукот на сирената. Имаше Јокиќ и човек пред себе, беше покрај аут линијата, меѓутоа успеа да победи за големо славје.

Во вториот натпревар Милвоки со 125:121 го совлада Сан Антонио, е за истакнување е одлична вечер на Јанис Адетокумпо кој постигна 44 поени, а имаше уште 14 скока и седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …