Дома Тенис Нова лоша вест од Ѓоковиќ – ја пропушта сезоната на трева?

Нова лоша вест од Ѓоковиќ – ја пропушта сезоната на трева?

Новак Ѓоковиќ денес доживеа пораз од сензацијата Марко Чекинато и не успеа да се пласира во полуфиналето на „Ролан Гарос“.

По мечот српскиот тенисер му честиташе на Чекинато, но ги загрижи фановите и најави нова пауза.

„Му честитам! Играше одлично од самиот почеток, а мене ми требаше време да се разиграм. Откако се загреав беше подобро, но не успеав да ги искористам моите шанси. Тој остана смирен во клучните периоди, а мене во некои моменти ми недостигаше и среќа“, истакна Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ за време на мечот се жалеше во болки на вратот.

„Не знам дали ќе играм на турнирите на трева“, изјави Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Промена на патот на Ѓоковиќ во Базел: Бублик се повлече, Руд е новата закана

Повредата на Бублик го промени делот од ждрепката на Ѓоковиќ во Базел. Србинот ќе стартува…