Дома Фудбал Англија Нова главоболка за Венгер пред финалето во ФА Купот

Нова главоболка за Венгер пред финалето во ФА Купот

Арсенал игра сезона за заборав. Тие завршија на петтото место во Премиер лигата, нема да играат во Лигата на Шампионите, што е најхолемиот неуспех на екипата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И покрај тоа што испаднаа во раната фаза во ЛШ, ниту во Лига Купот не успеаа да се прослават, па во финалето од ФА Купот ќе бараат утеха за многу лошата сезона.

Во финалето, од другата страна ги чекаат фудбалерите на новиот шампион на Англија, кој сакаат да освојат двојна круна, а немаат никакви проблеми со повредени играчи.

Арсен Венгер ќе мора добро да анализира кого ќе стави во првите 11, но поради различни повреди многу играчи нема да има на располагање.

Денешното финале може да го пропушти Мустафи, па дефанзивниот тандем на Арсенал ќе го прават Мертесакер и Холдинг, Кошчиелни е суепсндиран, додека Габриел Паулиста има проблеми со повреденото колено.

Сега „Топчиите“ ќе бидат ослабени и на голот, Петр Чех доживеал лесна повреда на тренингот, но нема да биде подготвен да настапи на „Вембли“. Местото меѓу стативите ќе го завземе Давид Оспина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Инцидент на Мундијалот за време на минутата молк за жртвите во земјотресот (Видео)

За време на минутата тишина на Светското првенство, навивачите на Шпанија и Уругвај предиз…