Дома Топ вести Нова „БОМБА“ од Шпанија – Замената за Нејмар пристигнува од Мадрид?!

Нова „БОМБА“ од Шпанија – Замената за Нејмар пристигнува од Мадрид?!

Шпанските медиуми пренесуваат неверојатно сценарио, но колку е ова реално…

После екслузивната најава на „Марка“ за трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, шпанскиот медиум сега пренесува дека Барселона како замена за Нејмар би можела да да го доведе Антоан Гризман.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веројатно во Барселона веќе се помирија со фактот дека ПСЖ пронајде начин и е спремен да ја плати откупната клазула која изнесува 222 милиони евра, поради тоа тие веќе се во потрага по негова замена.

Познато е дека Гризман веќе претходно ги отфрли сите можности за заминување ова лето, но тогаш Барселона не покажуваше интерес за неговите услуги.

Сега работите би можеле да се променат. Наводно, управата на Барселона е спремна да плати 100 милиони евра, во тој случај Атлетико нема да може ништо да направи, како и Барса во случајот со Нејмар.

Гризман претходно многу се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, но Мурињо на крајот се одлучи за Ромелу Лукаку.

Сега ситуацијата е целосно променета, останува да видиме што Гризман ќе има да каже за можноста да заигра со Меси и Суарез во нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Премиерлигашите ја сакаат ѕвездата на Билбао

Неколку клубови од Премиер лигата се силно заинтересирани за бисерот на Атлетик Билбао, Ни…