Поранешниот италијански тенисер Никола Пјетранџели е последниот во низата легенди на овој спорт кој го коментираа настапот на Новак Ѓоковиќ во финалето на УС Опен.
„Јас сака да играм тенис и станав добар играч. Кон крајот на 50-тите и почетокот на 60-тите освоив 44 турнири од кои четири пати Ролан Гарос, два пати сингл и два пати во двојки. Најдобрите играчи во тоа време ме почитуваа, сите бевме пријатели. Игравме и се забавувавме, се беше пријателски и љубезен тенис. Излегувавме на теренот да ја забавуваме публиката. Денес на играчите не им е гајче за публиката, мислат само на пари“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Со наградите кои ги добивав кога ќе го освојвам Ролан Гарос не можев да купам ниту мал стан. Денес тенисерите за освоен РГ добиваа два ипол милиони долари. Тука се лутам јас. Ѓоковиќ пример има 500 милиони долари во банка и излегува и игра финале под стрес!? Дали се шегуваме? Ситуацијата во тенисот денес е игра на нерви за милијардери. Играчите станаа како машини. Од што се тие под стрес – од броење многу пари? Кога ќе слушнам дека се во депресија се нервирам. Најдобар од големата тројка за мене е Федерер, тој е друга планета“, истакна Италијанецот.
Пјетранџели (88) највисокиот пласман во кариерата го забележа во 1959 година кога беше трет играч во светот.