Еминентниот спортски магазин „Франс Фудбал“го прогласи играчот на Челзи, Нголо Канте, за најдобар француски фудбалер во 2017 година.
Канте во изминатите две години ја освои Премиер лигата најпрвин со Лестер, а потоа и со Челзи, каде беше еден од клучните фудбалери поради што „Франс фудбал“ му ја додели наградата за играч на годината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Играчот од средниот ред во „трката“ по ова престижно признание ги победи Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Пол Погба (Манчестер јунајтед) и Килијан Мбапе (Монако/ПСЖ).
Право на глас во изборот за фудбалер на годината имаат сите поранешни добитници на наградата на „Франс фудбал“ и главниот уредник на весникот. Секој може да избере по пет фудбалер, а победник е оној кој ќе собере најмногу гласови.
N'Golo Kanté – French player of the year in 2017.. fully deserved. pic.twitter.com/W6fasJgfEZ
— َ (@HazardEdition) December 26, 2017