Дома Трансфер зона Ништо од трансферот: Скриниар на чекор од нов договор со Интер!

Ништо од трансферот: Скриниар на чекор од нов договор со Интер!

Милан Скриниар е многу блису до потпишување на нов договор со Интер, потврди самиот фудбалер.

Славачкиот дефанзивец веќе втора сезона со успех го носи дресот на „нероаѕурите“ и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За него силен интерес покажуваат неколку европски гиганти, но дефанзивецот е блиску до потпишување на нов договор со Интер, со кој ќе се обврзи на верност до 2023 година.

„Блиску сме до договор со Интер. Сите знаат дека сакам да останам тука. Ќе биде неверојатно да освојувам трофеи со овој тим. Никогаш до сега не сум освоил трофеј, сакам тоа да го направам со Интер“, изјави Скриниар.

„Убаво е кога ќе слушнеш дека те сакаат најголемите клубови во светот, но јас не се раководам според парите. Годин? Тој може да ни помогне да станеме уште посилни. Ќе биде убаво да го имаме во тимот“, додаде словачкиот дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…