![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2022/09/ramos-838x491.jpg)
По истекот на договорот од ПСЖ си замина и Серхио Рамос. Се споменуваше дека кариерата би можел да ја продолжи во Саудиска Арабија, но сега работите се сосема поинакви.
Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос последните две сезони ги мина во ПСЖ каде како слободен играч пристигна од Реал Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој пристигна во летото 2021 година, истата година кога Лионел Меси пристигна во Париз и тогаш двајцата лути ривали станаа соиграчи.
Дотогаш за многумина беше незамисливо да ги видат Меси и Рамос во ист дрес, а сега, две години подоцна, може повторно да бидеме сведоци.
Според шпанскиот весник „Спорт“, двете страни се многу блиску до договор и Серхио Рамос ќе потпише едногодишен договор со Интер од Мајами.
Во Интер, Серхио Рамос повторно би играл со Жорди Алба и Серхио Бускетс, со кои со години ја делеше соблекувалната во шпанската репрезентација, но и со Лионел Меси, со кој беше соиграч во претходните две сезони во ПСЖ.
Финализирањето на работата се очекува во наредните денови и Интер Мајами ќе стане вистинска атракција во МЛС со сите ѕвезди кои ги донесе ова лето.