Дома Трансфер зона Ништо од Интер, Коларов сега е пред потис со нов клуб!?

Ништо од Интер, Коларов сега е пред потис со нов клуб!?

Се шпекулираше дека една од желбите на Антонио Конте во Интер е искусниот лев бек на Рома, Александар Коларов.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Конте инсистираше, но управата на Интер не сакаше да ја исплати цената која беше барана за искусниот репрезентативец на Србија. Интер се обиде и со „трансфер пакет“, но и тоа не успеа. Меѓутоа, Интер не е единствениот клуб кој е заинтересиран за споменатиот играч.

Имено, Александар Коларов е голема желба и на тренерот на Фенербахче, Ерсун Јанал. Фенер ова лето сака да ја засили екипата за да не ја повтори лошатата сезона како минатата, а жолто-сините во Коларов гледаат одлично засилување на левата страна. Турскиот „sabah.com“ тврди дека Фенербахче постигнал договор со искусниот бек и дека Коларов се согласил на двегодишен договор со истанбулскиот гигант според кој по сезона ќе заработува по 2,8 милиони евра.

Наводно постои и голема доза на оптимизам дека двата клуба наскоро ќе постигнат договор. Меѓутоа, се уште не е познато колку Фенербахче ќе треба да плати за услугите на Коларов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…