Со Николо Заниоло и втор преоден рок се случува слична ситуација – иако многу се најавуваше на крајот ништо не се случи.
Заниоло сакаше трансфер во Милан, но Бормут понуди 30 милиони евра и тоа беше сума која „волчицата“ е спремна да ја прифати, додека Милан се откажа од трката затоа што не беше спремен да оди толку далеку. „Росонерите“ ги имаа договорено личните услови со фудбалерот, сепак ќе останат без неговиот потпис.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бормут не е клуб кој одговарал на амбициите на Заниоло, па затоа не сакал да оди во англискиот премиерлигаш.
Дека Заниоло сака да си замине потврдија спортскиот директор на Рома и Жозе Мурињо, сепак Португалецот потенцираше дека тоа што сака, не значи и дека ќе си замине.
„Да, Заниоло сака да си замине, но тоа не значи ќе си замине. Моето чувство е дека ќе биде играч на Рома и по 1. февруари“, изјави пред неколку дена „специјалниот“.
На крајот барем засега изгледа дека беше во право, ситуацијата би можела да се промени само ако Милан се врати со понуда од 30 милиони евра или пак во игра се вклучи некој друг голем клуб, но засега нема такви најави.