Дома Останати Тенис Ник Кирјос ќе биде дел од Австралија Опен, но не како тенисер

Ник Кирјос ќе биде дел од Австралија Опен, но не како тенисер

Eден од најпознатите тенисери на денешницата Ник Кирјос оваа година нема да настапи на Австралија Опен поради проблемите со повреди, но сепак ќе биде дел од турнирот во поинаква улога.

Имено, Кирјос ќе работи со тимот на „Еуроспорт“ каде што ќе биде стручен аналитичар. Душтво на Кирјос ќе му прават: Борис Бекер, Џон Мекинро, Матс Виландер, Алекс Кореча, Барбара Шет, Тим Хенман, Лора Робсон и Џастон Енан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сигурно дека ќе биде интересно да се слушнат коментарите на Кирјос кој често пати знае да биде без „влакна на јазикот“ и го привлекува вниманието со своите интересни ставови.

Австралија Опен се игра од 14-ти до 28-ми јануари во Мелбурн, а титулата во машка конкуренција ќе ја брани Новак Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Скандал: На атрактивната руска тенисерка во Мадрид и украле 10.000 евра 🎥

Руската тенисерка Марија Тимофеева пријавила во полиција дека била ограбена во Мадрид. Ова…