На прес-конференцијата по одигрувањето на средбата со Русија, говореа селекторот Александар Тодоров и Кристијан Николов.
Нашиот бек ги изнесе своите први впечатоци по вториот неуспешен настап во Перм
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Имавме тежок натпревар, добро се подготвивме, но нè стигна заморот по вчерашниот меч. Клучен момент беше скок-играта, беа многу подобри во тој елемент. Имаме ден за одмор и верувам, односно сигурен сум дека ќе дадеме сè од себе да ја победиме Италија. Без разлика на се што се случуваше, ние сме сплотени како никогаш досега. Ова е група од 15 кошаркари која секогаш е подготвена да даде се од себе за репрезентацијата“ – изјави Николов.