Дома Македонски спорт Мак фудбал Николов повика: Одложете го мечот со Косово, без публика е како…

Николов повика: Одложете го мечот со Косово, без публика е како…

Денес донесена е одлука во наредните 30 денови спортските настани да се играат без публика, што значи дека историскиот меч Македонија – Косово ќе се игра пред празни трибини.

По оваа одлука се огласи портпаролот на ФФМ, Златко Андовски кој најави дека ќе се обидат да го одложат натпреварот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На одложување повика и македонскиот репрезентативец, Бобан Николов кој истакна дека без публика е исто како да играме без Пандев, Елмас или Нестор.

„Или нека биде фудбалски СПЕКТАКЛ или не правите “спектакли”!
Здравјето на луѓето е најбитно и го почитуваме ставот и препораките на институциите во однос на заштитата на здравјето на сите нас.
Но, како фудбалери, репрезентативци и стручен штаб на Македонија кои се изборија за историска шанса за пласман на Европско првенство, би сакале нашиот домашен натпревар да го одиграме пред полни трибини и со поддршка од нашите навивачи да славиме заедничка победа.
Ваков натпревар без публика е исто како да сме без Гоче, Елиф или Нестор во составот.
Одложете го натпреварот, прво заради здравјето пред се, но и заради сите со идеал за прави спортски вредности и резултати“, напиша Николов на Фејсбук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…