Дома Македонски спорт Мак фудбал Никола од Делчево е херој за кој треба да се слушне – игра фудбал со една рака!

Никола од Делчево е херој за кој треба да се слушне – игра фудбал со една рака!

Никола Марковски е момче за кое треба да дознае македонската спортска јавност.

Марковски е херој во вистинска смисла и докажува дека кога нешто силно се сака секогаш има начин, воедно треба да биде и голем мотив за останатите.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Никола е уникатен и посебен, не само за рамки во нашата држава туку и во светот. Ова момче игра фудбал иако има само една рака. Од раѓање има деформација на десната рака, но тоа не го спречува да го прави она што најмногу го сака.

Марковски е член на ФК Брегалница од Делчево, клуб кој во момент се натпреварува во третата лига и е прв на табелата со високи амбиции за влез во ранг погоре.

Мора да споменеме и дека Никола е стрелец на два гола во есенскиот дел од сезоната.

БРАВО НИКОЛА, ВИСТИНСКИ МОТИВ СИ ЗА СИТЕ НАС!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски: Хрватска ќе биде голем тест за нас

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за два пријателски натпревари против с…