Aндрес Иниеста го напушти Висел Кобе, но и покрај годините нема намера да стави крај на фудбалската кариера.
Иниеста нема да се врати во Европа, се најавуваше дека ќе се придружи на Интер Мајами каде што се Жорди Алба, Бускетс и Меси, но ниту тоа изгледа нема да се случи. Според последните информации, Шпанецот прифатил да се пресели во Обединетите Арапски Емирати.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поранешниот шпански репрезентативец е пред потпис со ФК Емирати кој во претходната сезона се избори за промоција и враќање во највисокиот ранг на професионалниот фудбал во таа земја.
Трансферот на Иниеста би можел да биде потврден во наредните неколку дена.