Иако пред само пет месеци потпиша нов договор со Лука Модриќ, Реал Мадрид уште сега е спремен за ново продолжување на соработката со Хрватот, пренесува „Марка“.
Модриќ има договор до крајот на сезоната, а иако има 36 години, се уште е еден од најдобрите играчи за врска во Европа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Кралевите“ не сакаат да се разделат со него, па наскоро ќе почнат преговори за продолжување на договорот на уште една година.
Модриќ не размислува за пензија и сака да остане на „Сантиаго Бернабеу“ што е можно побрзо, па се очекува двете страни лесно да најдат заеднички јазик околу договорот.
Модриќ ја игра 10-та сезона во дресот на Реал Мадрид, каде до сега освои 16 трофеи.