Дома Македонски спорт Не му следувале средства: Олимпиецот Дамјановски револтиран на Агенцијата за млади и спорт

Не му следувале средства: Олимпиецот Дамјановски револтиран на Агенцијата за млади и спорт

Најуспешниот македонски нордиски скијач и олимпиец, гостиварчанецот Дарко Дамјановски изреволтиран од Скијачката федерација и Агенцијата за млади поради тоа што не добил никаква поддршка како спортист со постигнати високи резултати.

-И по остварената А олимписка норма која обезбедува директен настап на Олимписките игри, денес, кога веќе подготовките се веќе започнати од мај, од страна на скијачката федерација добив програма за подготовки толку мизерна што ме фрлија во исти кош со спортиски кои требало да направат норми, напиша Дамјановски на својот фејсбук профил.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дамјановски од Агенцијата за млади и спорт добил известување дека не му следуваат финансии за подготовка. Исто така, на Дамјановски како кандидат со А олимписка норма, од македонскиот олимписки комитет го следува и стипендија, но како што вели тој од таму уште нема ни трага ни глас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…