Дома Трансфер зона Не застанува и на 39 години: Клаудио Пизаро се врати во клубот кој го доведе во Европа!

Не застанува и на 39 години: Клаудио Пизаро се врати во клубот кој го доведе во Европа!

Искусниот напаѓач Клаудио Пизаро (39) и наредната сезона ќе настапува во Бундес лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Перуанецот во минатата сезона беше член на Келн и на 14 натпревари постигна еден погодок, а иако влегува во петтата деценија од животот не се откажува од професионално занимавање со најважната споредна работа во светот.

Пизаро од наредната сезона ќе го носи дресот на својот Вердер каде што се враќа по четврти пат.

Денес напаѓачот потпиша договор на еда година. Пизаро со Вердер освои еден германски куп во сезоната 2008/2009, а најмногу профитираше како играч на Баерн со кој освои шест титули о Бундес лигата, една во Лигата на шампионите и пет купови.

„Мило ми е што имам прилика повторно да го носам дресот на овој клуб и да ја завршам кариерата во клубот кој ме доведе во Европа“, изјави Пизаро.
Пизаро во октомври ќе напочни 40 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…