Италијанските медиуми пренесуваат дека Един Џеко е на чекор од трансфер во Јувентус, но Босанецот нема да биде единствен напаѓач кој ќе ја засили „старата дама“.
Андреа Пирло побара од раководството што е можно побрзо да му биде донесен напаѓач, но потребен му е уште еден, кој ќе биде алтернатива за Џеко.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека блиску до враќање во Торино е младиот напаѓач Моис Кин, кој минатото лето беше продаден во Евертон.
Италијанецот не се снајде најдобро во Премиер лигата, па неговиот менаџер Мино Раиола преговара со Јувентус за негово враќање.
„Скај Спорт“ пренесува дека двата клуба се блиску до договор, па Кин ќе пристигне во Торино на едногидишна позајмица со право на откуп следното лето.