Дома Фудбал Италија Не е само Роналдо: Мирабели на Милан му го договорил и најдобриот стрелец во Премиер лигата!

Не е само Роналдо: Мирабели на Милан му го договорил и најдобриот стрелец во Премиер лигата!

Спортскиот директор на Милан, Мирабели во јавноста уште еднаш зборуваше за Кристиано Роналдо и Милан.

Јонгхонг Ли го плати 740 милиони евра, а во летото 2017 година вложи 230 милиони евра на засилувања.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тогаш постоела и можност во Милан да пристигнат Роналдо и Пјер-Емерик Обамејанг, но набрзо кинеската империја на „Сан Сиро“ се распадна и клубот заврши во рацете на Американците.

„Го потврдувам она што го кажав, постоеше можност Роналдо да дојде во Милан. Не се шегував, уште еднаш ќе ви потврдам дека доколку денешните сопственици тогаш беа во клубот, денес Роналдо ќе го носеше дресот на Милан. Тоа можам да ви го гарантирам“.

„Не му беше проблем што немаше да игра во Лигата на шампионите. Тогаш наш ни кажа: Никогаш не сум ја освоил Лигата на Европа, тоа ќе биде прилика да ја освојам. Седнав со агентот и мојот дел од работата беше завршен, се беше дефинирано, вклучувајќи ја платата и цената на трансферот. Не мислев дека нешто ќе тргне во надолна линија, бидејќи кога Берлускони го продаде Милан, ни кажа дека доаѓа голем човек кој зад себе адвокати и големи банки. Ни тврдеше дека Ли може да направи големи работи“.

„И Обамејанг сакаше да дојде. Водевме преговори, но тогаш Монтела го избра Никола Калиниќ. Пред да заминам разговаравме со Мората, Имобиле, Бензема…“, откри Мирабели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан се договори со новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…