Пред околу еден месец излезе информација дека Томас Милер незадоволен од статусот на резерва во Баерн Минхен побарал да си замине од клубот во јануари.
Баварците одбиле да го продадат играчот, меѓутоа тој преку неговиот агент ќе инсистира на заминување од клубот во кој ја помина целата своја кариера.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се шпекулираше дека за него има интерес од Милан и Интер, а сега се верува дека и Манчестер Јунајтед се вклучил во трката за неговиот потпис.
Јунајтед е во потрага по искусен напаѓач, прва и најевтина опција е Марио Манџукиќ, меѓутоа не се исклучува и ангажман на Милер кој се поврзуваше со „ѓаволите“кога тренер им беше Луи Ван Гал.