На големо најпознатите медиуми пишуваат дека доаѓањето на Маурисио Покетино во ПСЖ е завршена работа, а веќе се пишува и за првите негово засилувања во Париз.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што стојат работите Покетино би можел многу лесно повторно да соработува со двајца свои миленици. Имено, Кристијан Ериксен е отпишан во Интер, а ПСЖ е фаворит да го доведе. Во ерата на Покетино данскиот фудбалер беше еден од најдобрите играчи на Тотенхем. Откако се пресели во Интер пред една година како да не е истиот играч.
Во слична позиција е и Деле Али кој се уште е во Тотенхем меѓутоа повеќе не е еден од главните играчи, најчесто англискиот репрезентативец влегува од клупата за резерви.
Како и Интер и Тотенхем би можел лесно да се откаже од услугите на Али. Останува да видиме како ќе се одвиваат работите во јануари.